вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

ФАО: Климатските промени до 2030 ќе ја засилат сиромаштијата

До 2030 година климатските промени може да втурнат во екстремна сиромаштија уште 122 милиони луѓе, најголем дел во југоисточна Азија и Африка, каде фармерите ќе се соочат со стрмоглав пад на производството, објави Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

сиромаштија

Поврзани вести

Во годишен извештај, ФАО предупредува дека во најлошото сценарио последиците од климатските промени може тешко да ја погодат животната заедница, чиј животен опстанок зависи од земјоделството, а состојбата со несигурност со храна може да се пренесе на сите региони.

ФАО повикува на широка преобразба на системот за храна и земјоделство за да се прилагоди кон потопла клима со потенцирање на поддршка на малите приозводители.

Според извештајот, моментно околу 780 милиони луѓе се гладни и тие се воглавно во држави во развој. Тоа се околу 12 отсто од популацијата во тие краишта.

Од друга страна, развиените држави со начинот на производство на храна придонесуваат за загадување на животната средина, и директно влијаат на зголемена емисија на штетни гасови кои се главен причинител за климатски промени.

Според резултати од истражување од 2014 година – речиси 780 милиони луѓе во светот се гладни, 11 милиони страдаат од хронична потхранетост, додека 1,7 милијарди луѓе страдаат од прекумерна тежина предизвикана од шест или седум пати поголемо внесување храна од минималното.

Најчитани вести