Фараж: 23-ти јуни треба да биде прогласен за „Ден на независност“ во Британија

Според лидерот на десничарската евроскептична британска партија УКИП Најџел Фараж, 23-ти јуни треба да биде прогласен за национален празник. Тој вели дека во светот има 183 земји во светот што слават „Ден на независност“, а сега Велика Британија би можела да стане 184-тата, пренесува „Гардијан“.

Според него сега ќе биде „мошне тешко“ Дејвид Камерон да остане на местото премиер.

Прво нешто што мора да направиме е да обезбедиме влада што е посветена на Брегзит. Тоа е клучот. Сметам дека е мошне тешко Камерон да остане премиер, посебно ако се земе во предвид дека целосно беше вклучен во кампањата, ни велеше дека страшни работи ќе ни се случат ако сакаме да заминеме, рецесија, закани за војна итн. Тешко ми е да верувам дека тој може да стане Брегзит премиер. Можеби грешам, но се сомневам во тоа.