Фарина: КФОР гарантира безбедност на сите на денот на изборите

Командантот на КФОР, италијанскиот генерал Салваторе Фарина изјави дека КФОР ја гарантира сигурноста на сите граѓани на Косово на денот на изборите.

Тој додаде дека војниците на КФОР се стационирани пред еден од избирачките центри на Северна Митровица при што додаде дека ја гарантира безбедноста и дека соработуваат со полицијата на Косово и ЕУЛЕКС.

Избирачките места се отворени во седум часот утринава, а ќе се затворат во 19 часот.