Сопственик на краварска фарма инвестирал преку програмата ИПАРД и е редовен корисник на субвенции

Денеска во село Бардовци, премиерот Никола Груевски ја посети фармата со 80 крави на сопственикот Мирослав Атанасовски. Атанасовски со помош на средства од ИПАРД-програмата купил трактори и опрема за одгледување на добитокот.

Од 2007 редовно ги користиме субвенциите за млеко, за грло и можам да кажам дека имаме убав живот, рече Атанасовски, кому во план му е да набави нова сорта крави молзници од Германија.

Сопственик на краварска фарма инвестирал преку програмата ИПАРД и е редовен корисник на субвенции

Премиерот истакна дека е големо задоволство да се види како со напорите кои ги вложува Владата се овозможува што повеќе корист за земјоделците и што тие се задоволни од тоа, како и од предлозите кои ги добиваат од граѓаните.

farma1

Атанасовски предложи да се усоврши стариот канал за наводнување, кој е 10 км долг и може да го користат и околните населени места Злокуќани и Ново Село.

Во фаза е формирање на ново претпријатие кое ќе биде надлежно за наводнување и одржување, а кое годишно ќе има просечно по 20 милиони евра буџет, соопшти Груевски.

Премиерот истакна и дека секоја година ќе има листа на приоритети во кои ќе се инвестира.