Фармацевтите најостро го осудија нападот врз лекарот од Клинички

Фармацевтите најостро го осудија нападот врз лекарот од Клинички
Фармацевтите најостро го осудија нападот врз лекарот од Клинички

Фармацевтската комора на Македонија најостро го осуди нападот врз докторот од Клиниката за дигестивна хирургија, кој пред неколку дена од огнено оружје беше повреден на своето работно место.

Претседателот на Фармацевтската комора, Бистра Ангеловска соопштувајќи го денеска на прес-конференција ставот на органите и телата на комората, рече дека целосно се ставаат во ситуација на нападнатиот лекар и на сите здравствени работници кои беа сведоци на тој немил настан додека најсовесно си ја вршеле својата работа.

– Фармацевтите како едни од најдостапните здравствени работници, секојдневно се изложени на постојан ризик за својата безбедност. Ова се однесува на фармацевтите кои работат во аптеките, болниците и лабораториите и во другите здравствени установи, посочи Ангеловска.

Таа истакна дека фармацевтската професија е хумана и благородна и е во функција на здравјето и благосостојбата на пациентите. Ставајќи го пациентот во фокусот на вниманието, Фармацевтската комора како еснафска организација посветува врвно внимание на едукацијата на своето членство во обезбедувањето најдобра можна услуга, максимално почитувајќи ги правата на пациентите.

– Како експерти за лекови, фармацевтите се секогаш подготвени на пациентите да им ги дадат потребните совети поврзани со нивното здравје. Граѓаните се во постојан и непосреден контакт со фармацевтите. Затоа, апелираме до сите граѓани да се воздржуваат од секаков вид напади врз фармацевтите, а надлежните регулаторни органи да преземат соодветни мерки за заштита на интегритетот на здравствените работници, додаде Ангеловска.

Таа на прес-конференцијата го прочита ставот на клиничките и болничките фармацевти вработени во ЈЗУ Универзитетски клиники-Скопје, кои најостро го осудуваат нападот врз докторот од Клиниката за дигестивна хирургија и изразуваат револт поради непочитување на белиот мантил, професионалноста, стручноста и пожртвуваноста на здравствените работници.