Спорт

Фармацевтите се вратија на победничката патека

Фармацевтите се вратија на победничката патека

По пауза од неколку првенствени кола, три бода на своето конто најпосле запишаа и фудбалерите на Баер Леверкузен кои ја оправдаа фаворитската улога на незгодното гостување во Аугсбург.

Со заслужениот триумф од 3:1, популарните „фармацевти” повторно се вратија на четвртата позиција на табелата, која пак гарантира настап во последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Многу важна победа од 2:0, над директниот ривал во борбата за опстанок, тимот на Штутгарт, забележаа фудбалерите на Нирнберг, а без победник, 1:1, заврши вториот дуел помеѓу директните ривали во борбата за опстанок, екипите на Хамбургер и Фрајбург.

Резултати: Нирнберг – Штутгарт 2:0, Хофенхајм – Хановер 3:1, Аугсбург – Леверкузен 1:3, Хамбургер – Фрајбург 1:1, Ајнтрахт Ф. – Борусија М. 1:0.