Спорт

Фармацевтите сигурни, кикс на Шалке

Фармацевтите сигурни, кикс на Шалке

Голем број на погодоци, вкупно девет беа постигнати на последните два натпревари од 31. коло во германската Бундес лига.

Убедлива победа од 4:1 на незгодното гостување во Нирнберг забележаа фудбалерите на Баер од Леверкузен кои по пауза од неколку првенствени кола повторно се вратија на четвртата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Непријатен пораз на незгодното гостување во Штутгарт доживеа моментално третопласираниот тим на првенствената табела, Шалке.

Со освоените три бода, фудбалерите на Штутгарт направија голем чекор во борбата за опстанок во елитното друштво, а избраниците на Хуб Стевенс сега имаат и четри бода повеќе од тимот на Хамбургер кој ако остане на оваа позиција ќе мора да одигра два бараж натпревари со третопласираниот од втората Бундес лига.