Фармацевтски компании го ширеле птичјиот грип за да заработат

Одредени фармацевтски компании биле вклучени во ужасен криминален бизнис, базиран на намерно ширење на птичјиот грип со цел да се докаже опасноста од оваа болест и со тоа, нормално, да се зголеми побарувачката за вакцини.

Инспектори од Рим тврдат дека микроорганизмите без контрола на пратките биле пренесувани од една земја во друга со цел да се предзивика пандемија.

Ова го тврдат италијански инспектори кои се уште се обидуваат да најдат докази за овие тешки обвиненија, но, како што велат, сигурни се дека голем број на вируси се шират од континент на континент како безначајни и безопасни пратки кои ја заобиколуваат секоја контрола и на тој начин овозможуваат лесно да се рашири заразата.

Првите докази за ваквата срамна измама ги пронајдоа Американците кои пред повеќе од десетина години фатиле човек кој го увезувал вирусот во САД од Саудиска Арабија. Тој тогаш ги открил и своите соучесници во криминалот, па полицијата ги уапсила.

Американските истражувачи потоа го добиле и сведочењето на Паолo Кандоли, поранешен италијански менаџер на “Merial”, ветеринарската гранка на американскиот фармацевтски гигант “Sanofi-Aventis”. Кандоли признал дека вирусот од птичјиот грип лично го испратил во Италија во 1999-та година користејќи ги услугите на DHL поштата. Податоците собрани од страна на инспекторите од САД во 2005-та година ги испратиле до италијанските власти. Интересно е дека токму во северниот дел на Италија избила најсилно епидемијата на птичјиот грип помеѓу живината во Еропа. Вирусот бил H7N3 – токму тој кој го испратил Кандоли, а неговата брза експанзија поттикнала инвестиции за истражување и купување на вакцини.

Информативен тероризам

Кандоли за време на признанието говорел и за штетата на т.н. информативен тероризам во кои биле вклучени медиумите, а кои на основа на податоците од Светската здраствена организација ги ширеле вестите за опасниот вирус. Италијанските власти сега одлучиле истрагата да ја спроведат до крај, а во тоа им помага и влијателниот весник Espreso, кој на оваа тема го посветил целиот нов број.