Магазин

Фармерките го слават 142 – иот роденден

Фармерките го слават 142 – иот роденден

Пред точно 142 години родена е џинс облеката која во последните пет децении го преплави светот и стана урбана униформа на сите генерации од сите сталежи и професии и тоа за сите прилики.

НА денешен ден во 1873-та година производителот на облека Леви Штраус и кројачот Џејкоб Дејвис почнаа да ги произведуваат првите фармерки, по што САД им го одобриле патентот со кој бакарните нитни се користат за зацврстување на џебовите на комбинизонот од тексас.

Називот џинс доаѓа од француското „Le Bleu de Genes“, или сина боја од Ѓенова. Во Америка на почетокот служеле како работна облека, а во 60-тите години од 20-иот век во склоп на хипи движењето стануваат симбол на животната филозофија.