Фашисти во Белград: Претепале маж и ограбиле студент

Група петмина млади маскирани момчиња со фантомки и фашистички обележја вчеравечер го претeпале домаќинот на Филозофскиот факултет во Белград.

Тој ја одбил Итната помош. Веднаш потоа момчињата ограбиле и еден студент. Како што велат студентите, порано истата ноќ, непосредно пред инцидентот, пет мажи се распрашувале што се случува на факултетот и колку луѓе има во зградата. Полицијата извршила увид.

-Не сме сигурни дали сите се членови на Фашистичката српска група, но еден од нив со сигурност носеше фашистичко обележје, рекол еден од студент и додал дека најверојатно истите тие се поврзани со фрлањето летоци со слична содржина од прозорец на нивниот факултет на денот на блокадата.