Македонија

Фашистичкиот отстрел доаѓа од соросовите портали

Фашистичкиот отстрел доаѓа од соросовите портали

Соросовите портали со оркрестиран и фашистички напад до секој оној кој има различно мислење од опозицијата.

Медиумите кои се блиски до опозицијата и се финансирани од СОРОС и Владимир Милчин, порталот А1он, Плус инфо и Либертас жестоко и оркестирирано без да помине ниту еден ден го нападнаа политичкиот аналитичар Александар Пандов по неговата изјава за студентските протести на МТВ.

Соросовите портали и новинарите предводени од Бранко Геровски и Ацо Кабранов, погодени од изјавата на Пандов дека на вчерашните студентски протести најмалку имаше студенти и најмногу беа присутни луѓе блиски до опозицијата и финансирани од СОРОС, се кренаа на нозе и веднаш почнаа да осудуваат, објавува Курир.

jhgjg500

Со ваквите жестоки напади врз аналитичарот Пандов порталите кои се финансирани од СОРОС јасно покажаа како тие ја разбираат слободата на говорт и слободата на различно мислење. Оние новинари кои што најмногу повикуваат на демократија и слобода на говор во државата, истата ја прекршуваат и различно мислениците веднаш и секогаш ги напаѓаат.

Од текстовите и насловите кои може да се забележат на овие портали особено за време на студентските протести јасно може да се види дека тие се на постојана задача да оцрнуваат и да плукаат за секоја реформа која ќе ја најави Владата.

fhf500