Фашизмот на СДСМ на дело: „Секоја драма треба да заврши со цевка во рака“

Поддржувачите на СДСМ продолжуваат со фашистички ставови. Последен во низата опозициски пропагандисти чии пишувања се полни со гнев и омраза е Ѓорѓи Спасов, поранешен генерален секретар на СДСМ, екс министер и амбасадор, пишува порталот Курир.

spasov-na-fb

Откако еден од главните соросови колумнисти Бранко Тричковски преку став  објавен во „Слободен печат“ пишуваше за убиство на премиерот, сега Ѓорѓи Спасов преку пост на својот Фејсбук профил повторно изнесува фашизоидни делувања, кои според познавачите најверојатно се иницирани и поттикнати од самиот врв на најголемата опозициска партија.

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, коментирајќи ја денешната изјава на премиерот Никола Груевски дека СДСМ наместо да се крие зад децата треба да организира митинг, Спасов пишува дека „Груевски си го бара“ и дека “кај нас, за жал, изгледа секоја драма треба да заврши со цевка во рака“.

-Груевски си го бара!!! Време! Се додека е оставен мирно и невознемируван да владее, вака тој ќе се однесува предизвикувачки, како силеџија. Кај нас, за жал, изгледа секоја драма мора да заврши со цевка во рака, пишува Спасов.

Ваквиот статус на Спасов, доаѓа само неколку дена откако Бранко Тричковски пишуваше за убиство на премиерот. Говор на омраза и повик за линч може да се види во колумната на Тричковски насловена „Убиство на премиерот во сон“, за која ударната медиумска тупаница на СДСМ, Бранко Героски напиша дека е одлична и содржела одлична порака.

-Ја гледам црвената точка на неговото теме и чкрапам, нула, еден, куршумот полетува, јас го вадам мобилниот телефон, му ѕвонам на премиерот, низ нишанот гледам како тој го крева својот „ајфон“ од масата со решенијата за Македонија, „ало вели тој, „ало“ велам јас, „сврти се накај американската амбасада, имам еден подарок за тебе“, му велам, тој се врти, го гледа ласерскиот зрак обоен во црвено, фацата му се изобличува како на Хамилтон во „Параболика“ на Монца, проектилот го крши џамот и влегува во основата на неговиот нос во форма на куртовска капија и прави божурен отвор во неговата чипирана глава!, пишува Тричковски во колумната.

Опозициските поддржучи секој ден излегуваат со се’ полуди ставови, не гледајќи светла точка на крајот од тунелот поради безидејноста на СДСМ и немањето на никаква стратегија за да се врати на власт. Во недостиг на промоција на сопствени позитивни мерки и проекти, СДСМ и неговите поддржувачи се служат со вакви налудничави фашистички идеи, кои најверојатно се поттикнати директно од нивните наредбодавци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.