понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 62

ФОТО: Ова е човекот што го изгризал Сергеј Трифуновиќ

Фатен човекот што го изгризал Сергеј Трифуновиќ. Горан Илиќ(41) е осомничен дека ноќта во петокот кон саботата го нападнал актерот Сергеј Трифуновиќ и во таа прилика како што изјави актерот „го гризнал за раката“.

trifunovic-izgrizan-2

Поврзани вести

Фатен човекот што го изгризал Сергеј Трифуновиќ. Горан Илиќ(41) е осомничен дека ноќта во петокот кон саботата го нападнал актерот Сергеј Трифуновиќ и во таа прилика како што изјави актерот „го гризнал за раката“.

Илиќ во тој момент бил во присуство на својата сопруга, а по инцидентот бил испрашан во својство на граѓанин во Основниот суд и бил пуштен на слобода. Тој на повикот на обвинителството ќе дојде на закажано сослушување.

ilic-1

Илиќ во изјава за спркси Курир објасни што се случило минатата вечер и што го предизвикал овој инцидент:

По вербалното недоразбирање кое се случи во пекарата рано наутро, кое беше за цигари и запалка Сергеј Трифуновиќ започна да ме навредува дека сум слепец и дека тој не пуши такви евтини цигари, дојде и до физичка пресметка, а го гризнав за прст додека тој беше врз мене и ме гребеше по лице“, раскажа Горан и додаде:

Не ми се верува дека јас сум обвинет, а всушност сум жртва, а виновникот станува „жртва“ само затоа што е позната личност и од се ова си прави реклама на себе.

Најчитани вести