Фатен дилер со 50.02 грама на „марихуана“

дилер

Како што информира денеск МВР, Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана,  во текот на октомври годинава, од засега непознати лица набавил поголема количина на марихуана, која препакувана за улична продажба ја чувал во својот дом во населба Маџари. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Осомничениот на 18. месецов, е забележан и легитимиран од полициски службеници во населба Маџари, при што кај него се пронајдени и одземени три полиетиленски паковки со марихуана спакувани во една поголема полиетиленска зипер кесичка. Пријавениот е приведен, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден во неговиот дом е извршен претрес, при што се пронајдени и одземени една полиетиленска паковка и една кеса со марихуана со вкупна нето маса од 50,02 грама марихуана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.