Фатен дилер кој продавал дрога пред основно училиште

Пиштол со четири куршуми, нож, дигитални ваги, хероин и хашиш биле пронајдени кај Ф.С. (29) од Тетово кој бил уапсен пред ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово, информира СВР Тетово.

Според полицијата, вчера околу 18.30 часот тетовецот бил забалежан додека управувал мотоцикл на булеварот Видоја Смилевски-Бато“, пред ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово. Кога полицајците се доближиле до него тој веднаш почнал да бега и го фрлил пиштолот марка „брауинг“, со калибар 7,65 милиметри во кој имало рамка со четири куршуми. По кратко тој бил уапсен. По претерсот под седиштето на мотоциклот бил пронајден и нож, две дигитални ваги, хероин и хашиш.

Според статистиката на СВР Тетово, само во последните две недели на тетовското и гостиварското подарчје биле приведени околу 70 лица регионот на возраст од 15 до 46 год. кои се сомничат дека учествувале во продажба или користење на најмногу марихуана но и хероин и кокаин.