Фатен кочанчанец кој ограбувал битолски цркви и викендици

Битолската полиција го фати крадецот кој со месеци провалувал во викендиците и црквите, крадејќи се’ што ќе му дојде при рака и правејќи штета.

Од Министерството за внатрешни работи соопшти дека 41-годишниот В.И. од Кочани си заработи кривична пријава за сторени осум тешки и шест кражби.

Од 19 август до 16 декември искустниот арамија ограбил четири викендици во битолските села Опеш, Ротино и Гопеш и одзел бакарни предмети и алати во  вредност од околу 15.500 денари.

Во периодот од втори до 15 декември негова мета биле црквите, па тој  тешки кражби во црквите „Св. Спас“ во село Братин Дол и „Св. Атанасиј“ на местото викано „Смолево“,„Св. Ѓорѓија“ кај местото викано  „Сребрена Вода“ и „Св. Никола“ во секирани Секирани. Од црквите тој  одзел парични средства во износ од 7.500 денари.

Кон крајот на годината  со подесен алат насилно влегол во шест викендици од кои три во село Гопеш, две во село Кажани и една во Драгажани, но не одзел ништо, туку само  предизвикал материјална штета од околу 4.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.