Фатен крадецот што украде чанта со 23.000 евра во тетовско Непроштено

Фатен крадецот што украде чанта со 23.000 евра во тетовско Непроштено. Кривична пријава и 30 дневен притвор заработи 23-годишниот О.М. од село Џепчиште-тетовско кој беше заедно со оштетениот во моментот на кражбата.

Како што информира МВР, кривична пријава е поднесена и против две други засега непознати лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело  „разбојништво“.

Пријавениот е осомничен дека на 28.09.2015 година околу 22 часот заедно со другите две лица во с.Непроштено извршиле разбојништво над Ш.И.(44). од с.Добарце.

Пријавениот во моментот на разбојништвото бил заедно со оштетениот Ш. И.  По пристигнувањето во Непроштено со возило „Пасат“, со германски регистерски таблици, сопственост и управувано од Ш.И, ги запреле две непознати лица, им наредиле да излезат од возилото, по што едно од лицата му вперило пиштол во главата, го репетирало и насилно му ја одзело чанатата во која, според кажувањето на Ш.И. имал 23.000 евра и 47.000 денари во разни апоени, како и негови лични документи.

Со одземената чанта, двајцата непознати избегале, а Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат.

Потоа застанале, по што О.М. го напуштил возилото и се оддалечил во непознат правец. Со кривичната пријава О.М. вчера бил изведен пред судија во претходна постапка, кој му определил мерка притивор од 30 дена по што бил предаден во КПУ „Тетово “.