Крими хроника

Фатен на дело додека ограбувал жена на Бит Пазар

Фатен на дело додека ограбувал жена на Бит Пазар
Фатен на дело додека ограбувал жена на Бит Пазар

Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот А.З.(31) поради кражба, за што судија на претходна постапка му одреди и мерка притвор во траење од 8 дена.

Пријавениот на 30.10.2015 година околу 10.30 часот на подрачје на Бит Пазар, дошол на автобуската постојка и искористувајќи ја гужвата која се создала, со протнување на раката во торба која оштетената ја носела на десното рамо успеал да и го украде паричникот. Веднаш по извршувањето на кривичното дело  пријавениот бил забележан од полициски службеници, по што бил лишен од слобода и заедно со украдениот паричник однесен во ПС ОН Бит Пазар, информираат од полицијата.

Со потврда од пријавениот одземен е паричникот и истиот и е вратен на оштетената.

Против А.З. во временскиот период од 1998 -2015 година од страна на СВР Скопје поднесени се 25 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред.