Фатен провалник во автомобили

Скопјанец бил фатен при кражба во автомобил, вчера во Капиштец, информираше МВР.

Станува збор за Б.Ј.(28), против кого ќе биде поднесена кривична пријава.

Според полицијата, утрово околу 1.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Народен фронт непознато лице насилно влегло во автомобил „астра“ со намера да изврши тешка кражба.
Полициски службеници од ПС Центар излегле на местото на настанот при што бил затекнат Б.Ј., кој кај себе имал одземени повеќе предмети. Лицето било приведено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.