Македонија,Крими хроника

Фатен разбојник кој ограбил обложувалница во Куманово

Фатен разбојник кој ограбил обложувалница во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(34) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Б.М.(34) од село Батинци, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со разбојништво.

На 21.декември минатата година, околу 21:30 часот, во Куманово на улица „Гоце Делчев“ во обложувалницата „Плеј Ин“, М.Р. со закана со пиштол извршил разбојништво над двајца вработени одземајќи 39.500 денари од прометот и мобилен телефон во вредност од 3.000 денари.

По ова, истиот во кафе бар во Скопје мобилниот телефон му го продал на второпријавениот за 1.000 денари иако знаел дека потекнува од кривично дело.