Фатен уште еден тетовски инкасант што крадел на патарина

Полицијата фати уште еден инкасант на патарина во Тетово наместо фискални давал бели ливчиња, а парите си ги ставал во џеб.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 27-годишниот Л.И. од Тетово си заработи кривична пријава бидејќи ја злоупотребил својата службена должност и овластувања.

Пријавениот во октомври, повеќе пари, при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња. Исто така еден ист фискален билет кој не бил подигнат го давал на друго возило, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.