Фатени четири лица кои нелегално вршеле археолошко ископување во Штип

Кривична пријава е поднесена против З.К.(49), од Штип, А.М.(41) од Куманово, И.К.(32) и Д.С.(31) државјани на Р.Србија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Како што соопшти МВР, од страна на судија на предходна постапка во Основен суд Штип одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавените во текот на вчерашниот ден како соизвршители со намера за себе да прибават противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет алат насилно делувале на влезната врата од верскиот објект „Хусамедин пашина џамија“-„Свети Илија“ во Штип кој е под културно наследство на Р.Македонија, сопственост на Министерството за култура, влегле во објектот и без дозвола од надлежен орган извршиле  две археолошки ископувањана се со цел да прибават добра кои се под заштита и културно наследство и при нивните археолошки ископувања биле лишени од слобода од страна на полициски службеници при СВР Штип.