Фатени двајца албански државјани кои илегално престојувале во Македонија

Претепани татко и син бидејќи не отстапиле предност во сообраќај
Претепани татко и син бидејќи не отстапиле предност во сообраќај

На граничниот премин Ќафасан на излез од Република Македонија, не му е дозволен излез на албанскиот државјанин Ш.П.(19).

Како што соопшти МВР, истиот изјавил дека остварил илегален влез во Република Македонија пред два дена во близина на Дебар. Истиот бил предаден во полициската станица во Струга за понатамошна постапка.

Кај автобуската постојка во село Џепиште, дебарско, вчера околу 22.00 часот, поради  незаконски престој во Република Македонија, задржан е албанскиот државјанин М.В.(35).

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.