петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Фатени командосите кои сакале да го убијат Ердоган: „Ќе молат да ги убиеме“

komandosi-turcija-640x432

Последни вести

Турските специјални сили уапсија 11 избегани командоси кои наводно имале план да го заробат или убијат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на пучот.

Од Владата порачаа дека „нема да ја видат сончевата светлина додека се живи“. Потрагата по командосите траела повеќе од две недели, а се пронајдени со помош на дронови и хеликоптери во шумски предел во околината на Мармарис.

komandosi turcija2

Уапсените се дел од групата која наводно го нападна хотелот каде Ердоган беше на одмор. Операцијата за апсење на командосите е изведена за време на ноќта е и продолжение на досега спроведените активности во кои се отпуштени над 1.000 војници. Од државните институции веќе се затворени или отпушени десетици илјади лица.

komandosi turcija1

Министерот за економија Нихат Зејбекчи е уште еден во низата турски официјани лица кои продолжуваат со острата реториката во знакот на одмаздата.

komandosi turcija3

-Ќе ги натераме да молат. Ќе ги ставиме во дупки, такви казни има да трпат во тие дупки што нема да го видат сонцето додека се живи. Никогаш повеќе нема да слушнат човечки глас. Ќе молат да ги убие, вели Зејбекчи.

Најчитани вести