Фатени крадци кои „оперирале“ низ Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 21-годишниот тетовец Е.А и 25-годишниот Р.Х, исто така, од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле осум тешки кражби.

Тетовецот Е.А. осомничен е дека во декември минатата и јануари оваа година, шест од кражбите ги извршил во моторни возила, паркирани на различни места во Тетово, со кршење на стаклата и влегување внатре, по што одземал музичка опрема, кожна галантерија, наочари за сонце и друго, причинувајќи вкупна материјална штета која се проценува на близу 80 илјади денари.

Покрај ова, 21-годишниот тетовец заедно со Р.Х. се сомничат дека извршиле и една тешка кражба и една тешка кражба во обид во куќи во Тетово, во кои одзеле различни видови производи во вредност од над 40 илјади денари.

Првопријавениот Е.А подолго време бил инволвиран, најмногу во вакви кривични дела,  неколку пати е пријавуван и поради тоа од поодамна им е познат  на службите на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.