Фатени крадци од Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А. (23), И.Б.(25) од Охрид и Б.Ч.(29) од Кичево, поради постоење основи на сомниение за сторени три кривични дела “тешки кражби“.

Пријавените, во јануари и март годинава во Охрид во три куќи чии сопственици се наоѓаат во странство, со употреба на подесен алат извршиле тешки кражби одземајќи техничка роба, 20 пара патики и разновиден алат, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 200.000 денари.