Фатени петмина крадци од Дебар

Полициската станица Дебар поднесе пет кривични пријави против Љ.А.(18), О.Х.(19), А.М.(22), Е.К. (20) и Ј.К. (26) сите од Дебар поради сомневање дека извршиле тешки кражби на територијата на Дебар.

Крадците оперирале низ куќите каде имале сознанија дека сопствениците се отсутни, како и во работилници и трафики.

Преку кражбите стекнале парични средства во износ 202.250 денари.

По извршениот претрес во домовите на сторителите пронајдени се и предмети кои биле пријавени дека се украдени.