Фатени разбојниците што ограбија илегални мигранти во гевгелиско

Фатени разбојниците што ограбија илегални мигранти кај Смоквица. Кривична пријава е поднесена против тројцата жители на село  П.Ј (41), П.М (34) и З.Ј (35), поради постоење основано сомнение дека сториле  кривично дело „разбојништво“  над  двајца државјани  на Мароко.

Поднесена кривичка пријава против тројца жители ан село Миравци
Поднесена кривичка пријава против тројца жители ан село Миравци

Како што претходно информира МВР, во понеделникот околу 22,00 часот над двајца државјани на Мароко, кај место викано „Вирот“ атар на село Миравци, во близина на железничката пруга извршено е разбојништво. Пријавените  откако се претставиле како полиција, физички ги нападнале  со дрвени палки, електро шок, заканувајќи им се со пиштол и нанесувајќи телесна повреда над едно од лицата во пределот на ногата,  по што ги легнале на земја и им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка торба  во која имале лични работи. Веднаш потоа ги оставиле  лицата зад себе и се оддалечиле во непознат правец.

Пријавените се идентификувани, лишени од слобода  и доведени во простории на полициската станица во Гевгелија каде што со нив биле обавени службени разговори.