Фатени шест лица кои илегално ја преминале границата од Грција кон Македонија

Шест лица од кои двајца државјани на Италија и четири државјани на Авганистан сите без документи, биле откриени вчера на местото викано „Железнички мост“.  

Како што соопштува МВР, лицата илегално ја преминале државната граница од Р.Грција кон Р.Македонија.

Сите лица се приведени и извршен е раговор со истите. Се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на настанот.