Регионалниот Центар за Гранични Работи Север поднесе кривична пријава против сириските државјани Х.М.(33) и Д.Ј.(18) за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 24-ти октомври годинава, при пасошка контрола на Граничниот премин Табановце пријавените приложиле фалсификувана германска и унгарска лична карта при што од страна на полициските службеници е утврдено дека документите се фалсификувани.
Во разговор со пријавените е утврдено дека истите илегален влез во Р.Македонија оствариле во близина на ГП „Богородица“, а фалсификуваните лични карти ги набавиле во Атина, Република Грција од лице по потекло од Ирак за паричен надомест од 1.000 евра.