Фатете ритам и доживејте повеќе оргазми

Иако сите знаат дека женскиот оргазам е потешко да се достигне од машкиот, штом еднаш сте го нашле својот оргазмичен ритам, нема враќање назад!

Се прашувате зошто вие не доживувате повеќекратни оргазми? Не дека сексуалниот живот ви е лош, ама ете, би сакале и тоа да го доживеете.

Ако вниманието ви е насочено околу тоа како изгледате голи, што мисли партнерот за вас додека водите љубов, или едноставно исчекувате мултипл оргазам – сигурно е дека воопшто нема да стигнете до кулминацијата.

Откако ќе го доживеете својот прв оргазам, земете малку воздух. Вашиот клиторис ќе биде престимулиран од интензивните вибрации. Но доволно е да почекате 30 сек за да ја започнете новата тура.

Променете го вашиот начин на размислување. Ако не очекувате да имате повеќе оргазми, веројатно и нема да ги доживеете. Затоа е време да си поставите повисоки стандарди за вашиот сексуален живот. Оргазмот е едно од најубавите нешта кои му се случуваат на човекот, а вие заслужувате да го почувствувате тоа неколку пати.