Фатиле крадец и го предале на полицијата

Во сообраќајка кај Бигорски манастир тешко повредени мајка и близнаци
Во сообраќајка кај Бигорски манастир тешко повредени мајка и близнаци

Одделението за имотни деликти при отсекот за тешки кражби до Основното јавно обвинителство – Скопје со кривична пријава го предаде лицето Г.Т. (26) од Прилеп, осомничен дека сторил кривично дело „тешка кражба“, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Според соопштението на полицијата тој на 11. овој месец, околу 14.30 часот, на улицата Атинска заедно со уште едно засега непознато лице извршиле „тешка кражба“ во стан, со што се стекнале со имотна корист од 1.050.000 денари.

Крадците со погоден цврст алат ја скршиле цилиндричната брава од влезната врата на станот, влегле во станот, го пребарале и пронашле и одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра. По кражбата додека го нашуштале станот на скалите се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот која во тој момент влегла во влезот од зградата. Таа во обид да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога влегла внатре видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон соседката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кое исто така ги забележале Г.Т и другото лице. Тројцата потрчале по крадците и го фатиле Г.Т. во близина на градинката „Мајски цвет“.

Според информации од полицијата, вториот крадец успеал да побегне со украденото.