Фатиме Фетаи се фали со својата способност за глума

Фатиме Фетаи на распитот во судот, кој претставуваше незапамтен преседан направен поради нејзиното брутално и некултурно однесување, се пофали дека има способност да глуми и тоа јавно го истакнува како своја најголема доблест. Таа и практично тоа денес го покажа.

Имено судијката откако го одложи распитот поради немање на услови за работа, пред се’ затоа што постојано специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи упатуваа навреди и се однесуваа недолично, понудениот термин во март, годинава, арогантно посочи дека не може да присуствува бидејки имала закажано термин на стоматолог.

На друг понуден термин од судијата, се јави катица Јанева, која рече дека не можела на ој датум оти сакала да слави ден на правосудството.