Фаворитите безбедни на УС Опен

Светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Аргентинецот Дијего Шварцман, по сетови 6:1, 6:2 и 6:4, во првото коло од Отвореното првенство на САД во тенис.

По оваа победа Ѓоковиќ ги демантираше сите предвидувања што го ставија во поддредена ситуација на турнирот, базирани врз лошата форма во пресрет на УС Опен, кога во 1/8 финалето беше елиминиран на Мастерсите во Торонто и Синсинати.

„Многу сум задоволен од играта, никогаш не е лесно да се започне на УС Опен“, изјави Ѓоковиќ.
Неговиот нареден противник е Пол Анри Матје.

Енди Мареј воопшто не блекскаше на мечот со Томи Хас, дури загуби и еден сет, но на крајот успеа да се пласира во второто коло. Таму ќе се најдат и Цонга, Вавринка и Раониќ.

На женскиот дел од турнирот денот го одбележа Марија Шарапова, која што со 6:4 и 6:0 ја елиминираше сонародничката од Русија, Марија Кириленко.

Во наредната рунда на натпревари се пласираа и Сузан Халеп и Венус Вилијамс.

Засега четвртиот Грен Слем ги оправдува очекувањата, останува да ги проследиме натпреварите во наредните две недели и да уживаме во играта на новите шампиони.