Фаворитот Пахор сепак оди во вториот круг со Шарец

Актуелниот словенечки претседател Борут Пахор кој на неделните шести претседателски избори се сметаше за голем фаворит за победа уште во првиот круг, сепак ќе мора да се соочи за две седмици со младиот градоначалник на Камник, Марјан Шарец, покажуваат резултатите кои ги соопшти изборната комисија.

Во вториот круг кој ќе се одржи на 12-ти ноември Пахор влегува со освоени 47,11 отсто од гласовите, пред Шарец кој освоил 24,96 отсто од гласовите, покажуваат податоците на словенечката изборна комисија по преброените 97,57 отсто од изборниот материјал.

На третото место е кандидатката европаралментарката Романа Томц, како кандидатка на Словенечката демократска партија (SDS), со 13,64 отсто од гласовите, додека кандидатката на конзервативната партија Нова Словенија (NSi), Људмила Новак со 7,12 отсто поддршка.

На петтото место е Андреј Шишко од Обединета Словенија (ZS), кој добил 2,21 отсто од гласовите, шести е Борис Попович со 1,84 отсто, на седмото е кандидатката на Партијата на модерниот центар (SMC) на премиерот Миро Церар, министерката за образование Маја Маковец Бренчич со 1,73 отсто, следи кандидатката на кандидатката на Словенечката народна партија (SLS) Сузана Лара Краусе, со 0,87 отсто, а пензионираната учителка Ангелца Ликович којашто ја поддржува конзервативната вонпарламентарна партија Движење за децата и семејството (GOD) и кандидатката освоила 0,57 отсто од гласовите.

Пахор уште претходно, при објавувањето на резултатите од излезните анкети, од кои некои предвидуваа негова сигурна победа уште во првиот круг, изјави оти смета дека сепак предноста да ја потврди во вториот изборен круг.