Фаворизираната Шкендија на колена пред Еуромилк

Со минималната, но сосема заслужена победа од 2:1, извојувана над фаворизираниот тим на Шкендија, новајлијата во елитното друштво, тимот на Еуромилк го приреди најголемото изненадување кога се во прашање неделните натпревари од 21. коло во македонската Прва фудбалска лига.

Без победник и без погодоци заврши дерби пресметката помеѓу претендентите за шампионската титула, екипите на Хоризонт од Турново и Металург, а без победник, но со по еден гол во двете мрежи, заврши дуелот во Штип помеѓу екипите на Ббергалница и Работнички.

Резултати: Брегалница – Работинички 1:1, Еуромилк – Шкендија 2:1, Македонија ЃП – Напредок 3:1, Ренова – Гостивар 3:0, Хоризонт Т. – Металург 0:0.

ТАБЕЛА: Вардар (-1) 37 бода, Хоризонт Т. 35, Работнички 35, Металург 34, Пелистер (-1) 33, Ренова 30, Еуромилк 29, Брегалница 26, Шкендија 26, Македонија ЃП 22, Напредок 13, Гостивар 11 бода.