Балкан

ФАЗ: Ако излезе од ЕУ, Грција ќе се сврти кон Русија

ФАЗ: Ако излезе од ЕУ, Грција ќе се сврти кон Русија

Излезот на Грција од Еврозоната може да доведе до сериозно ширење на рсукото влијание на Балканот, смета политичкиот аналититчар на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ Николас Бусе.

Бусе наведе дека Грција, ако ја напушти еврозоната може да излезе и од Шенгенскиот договор и ЕУ, а тоа ќе ја засили недовербата помеѓу европските земји и ќе го стави под знак прашалник единството во еврозоната и ЕУ.

Во тектот „Лидерството на Германија исто така може да настрада, доколку германската влада биде прогласена за главен виновник за неуспехот на преговорите“ авторот наведува дека тоа би било големо бреме за заедницата која што се потпира врз партнерството.

-Најсериозни последици може да имаат стратешките приходи. Со излезот од европската заедница, клучната балканска земја ќе бара нови партнери, а прв кандидат ќе биде Русија, независно од тоа кој ќе биде на власт во Атина, смета Бусе.

Во тој случај, според Бусе, Русија ќе добие директно влијание во Егејското Море и можност целиот Балкан да го ослободи од западното влијание.

Авторот на текстот наведува дека ќе со приближување на Грција и Русија ќе му се создаде проблем и на НАТО, а поради противењето на Атина, САД може да имаат потешкотии со зацврстување на силите на Алијансата во источна Европа.

фото:AP