ФБИ има докази дека вонземјаните навистина постојат?

Персоналот на центарот за истражување НЛО тврди дека пронашол докази дека вонземјаните навистина постојат.

Дописот е пронајден во центарот Хакуи за истражување НЛО во Токио и во него наводно стои дека ФБИ нашол три метални предмети во кои имало тела на вонземјани. Федерланите агенти сега се во паника затоа што центарот наскоро ќе биде отворен за јавноста, па стравуваат дека сега секој ќе може да има увид во над 10.000 тајни документи.

Како што пишува британски „Сан“ во дописот на ФБИ стои дека истражувачите во Ново Мексико нашле три „летечки чинии“ во кои имало по три тела налик на човечки, но кои биле високи околу 90 сантиметри.

Наводно во извештајот стои дека телата биле облечени во метална ткаенина со доста фина структура.

Како што се наведува во извештајот на господинот чие име е цензурирано, во пустината во Ново Мексико се пронајдени летечките чинии благодарение на фактот што владата располага со радарски погон кој, како што се верува, го попречува контролниот механизам за летечките чинии. Понатамошната процена на наодите не е објавена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.