недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

ФБИ достави до Стејт департментот околу 15.000 мејлови на Клинтон

Hillary Clinton's Email Scandal: FBI Interviewed Her

Последни вести

ФБИ му предаде на Стејт департментот  уште околу 15.000 мејлови од приватен сервер на Хилари Клинтон кој таа го користела додека била државен секретар.

Американското Министерство за внатрешни работи ќе ги прегледа електронските писма и ќе одлучи кои од нив може да бидат објавени.

ФБИ ги откри тие мејлови при истрага против Клинтон за начинот на кој таа ги користела класифицираните информации.

Минатиот месец американската контраразузнавачка агенција оцени дека кандидатката на демократите за претседателските избори во САД не го нарушила законот и против неа не беше подигнато обвинение.

Најчитани вести