ФБИ објави архиви стари 17 години за Бил Клинтон

Само неколку дена пред претседателските избори во САД, Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години што содржат документи за одамна затворена истрага за тоа како Бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година, пренесе МИА.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не му е познато дека кој било од Белата куќа е консултиран за тој материјал пред неговото објавување.

Тоа е најново обелоденување документи од страна на ФБИ и тоа покрена прашања од преизборниот штаб на Хилари Клинтон за тајмингот на нивното објавување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.