Свет

ФБИ помага на белгиските власти во истрагата за нападите во Брисел

ФБИ помага на белгиските власти во истрагата за нападите во Брисел

САД испратиле тимови на Федералното истражно биро да им помогнат на белгиските власти во истрагата за минатонеделните напади во Брисел, соопшти Белата куќа.

– Белгија прифати наша помош. ФБИ на терен помага во истрагата. Разменуваме информации и разузнавачки податоци со Белгија во врска со терористички закани, изјави Бен Родс, заменик советник за национална безбедност.

Тој додаде дека белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон ќе разговара за соработка во областа на безбедноста со американскиот државен овбинител Лорета Линч за време на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон.

– Веруваме дека Белгија го разбира ова многу сериозно и имаме ефикасна координација кога станува збор за поддршка во нивната истрага и се обидуваме да спречиме дополнителни заговори, изјави Родс.