ФБИ предупредува на голема внимателност поради закани од ИД

ФБИ ги предупреди локалните полиции ширум САД дека симпатизери на ИД и понатаму повикуваат на напади врз цркви и други места каде за време на празниците ќе се соберат голем број луѓе.

Предупредувањето е дадено по објавување листа на американски цркви на еден милитантен сајт, а само неколку дена по нападот во Берлин за кој одговорност презеде ИД.

– Како дел од редовен дијалог ФБИ дели информации за можни закани за да се подобри заштитата на заедниците кои се во надлежност на локалните полиции, изјави портпарол на ФБИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.