ФБИ: Сириските оперативци на Ал Каеда се подготвуваат за напад на Европа и на САД

Американската известувачка служба соопшти денеска дека постојат податоци кои укажуваат на тоа дека сириските оперативци на Ал Каеда се подготвуваат наскоро да ја нападнат САД или некоја европска држава.

Одделението за внатрешна безбедност и ФБИ ги предупредијата државите, локалните и сојузните сили за спроведување на закони со најнови закани, изјави портпаролот на Одделението за внтарешна безбедност Марша Катрон, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Податоците покажуваат дека високите оперативци на Ал Каеда стационирани во Сирија се блиску до извршната фаза за напад во Европа или САД,“ изјави портпаролката.

Тие непосредни напади кои Ал Каеда ги планира во Сирија се една од причините за воздушните напади во вторникот на екстремистите во Сирија.