Балкан

ФБиХ: Протестите продолжуваат, граѓаните бараат преодна влада

ФБиХ: Протестите продолжуваат, граѓаните бараат преодна влада

Протестот на незадоволните граѓни продолжија во градовите на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ), со социјални и барања за смена на челниците на кантоните, а нивното основно барање е да се поднесе оставка од актуелната власта на сите нивоа за формирање на нова, демократска унија, која ќе има повеќе разбирање на сиромашното население кое се соочува со проблеми во изминатите 20 години.

Повеќе од 700 демонстранти во Сараево се собраа пред зградата на Владата од каде што бараат оставка од премиерот Нермин Никшиќ и бараат да се формира експертска преодна влада до изборите.