Федералците ја претресоа канцеларијата на адвокатот на Трамп

Припадниците на Федералното биро за истраги (FBI) извршиле претрес во понеделникот во канцеларијата на личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, објави дневниот весник The New York Times.

Познатиот адвокат Мајкл Коен се најде во центарот на контроверзиите околу наводното исплаќање на пари на порно ѕвезда Сторми Даниелс, којашто тврди дека во 2006 година имала сексуални односи со актуелниот американски претседател Доналд Трамп и дека добила пари за тоа да не зборува пред почетокот на изборната кампања во 2016 година.

Стивен Рајан, кој е адвокат на Коен во овој случај, потврдил дека FBI извршил претрес и дека подигнал одредени документи. Додал дека акцијата е изведена делумно по налог на канцеларијата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, додавајќи дека смета оти била „целосно несоодветна и непотребна“.

Раајан кажал дека Коен соработувал со властите и оти предач илјадници документи. Неименуван извор рекол дека FBI запленил електронски писма, даночни и деловни документи, пишува уште весникот.

Самиот Коен немал коментари, како ниту портпаролот на Мјулер.

Специјалниот обвините ги истражува обвинувањата дека наводно Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година, како и за можен договор меѓу кампањата на Трамп и Москва.