СДСМ турка федерализација за да и’ се додвори на ДУИ

Тој прашува дали раководството на СДСМ е свесно во каква опасност ја внесува Македонија со оваа нивна политика.

Повикот за федерализација е равенство со вооружен конфликт. Само ненормален и очаен човек што сака да и’ наштети на својата држава може да бара такво нешто, нагласи Пандов.

Во „бомбардирањето“ Заев немаше милост за Албанците

Во повеќемесечното „бомбардирање“ со незаконските снимки, лидерот на СДСМ Зоран Заев, не штедеше на зборови. Лидерите на двете најголеми политички партии од албанскиот блок не беа поштедени од обвинувањата на Заев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Заев беше обвинет за коруптивни скандали како партнер во Владата на Република Македонија.

Со аудио доказите што ќе ги презентираме денеска продолжуваме и конкретно да го откриваме лицето на врвот на ДУИ. Ништо до тоа што го направил Груевски не би можел да го стори без знаење и поддршка на неговиот коалиционен партнер.

Причините за нивната трпеливост во власта, примарна цел им била моќта, власт за лични интереси и за пари, вели Заев. Преку поставените луѓе од доверба во случајот станува збор за претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Ахмети посредува на некој бизнисмен да му се продава објект од илјада евра за метар квадратен, изјави Заев при објавувањето на 38-та бомба.

Според Заев, ДУИ добро знаеле дека се прислушувани, па затоа и биле внимателни во телефонските разговори.

Исто така, според телевизијата „Алсат“, Заев објави и „бомби“ во кои се слуша разговорот помеѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи и Сами Укшини. Разговорот нема ништо суштинско, само ги покажува пријателските односи меѓу овие двајца.

Интересно, но овој разговор кој беше објавен претходно, стана интересен за јавноста дури по полициската акција во Куманово откако „Алсат“ објави дека Тачи разговара со еден од командантите. Разговорот се одвивал на 28-ми февруари 2012 година. Од СДСМ рекоа дека не случајно избрале да го објават овој разговор на лидерот на ДПА и Сами Укшини.

Од Демократската Партија на Албанците демантираа дека нивниот лидер Мендух Тачи разговарал со Сами Укшини, еден од командантите на терористите од Куманово, како што се тврди во разговорите објавени од СДСМ. Во демантот се тврди дека објавениот разговор е дијалог меѓу Тачи и градоначалникот на општина Скендерај, Сами Луштаку.

Откако ги дискредитира и ги понижи, Заев…