СДСМ турка федерализација за да и’ се додвори на ДУИ

Откако ги дискредитира и ги понижи, Заев како да мора да ја смени политиката и да им се додворува на политичарите од Албанскиот блок. Свесен за моменталниот рејтинг на неговата партија и за убедливото водство на ВМРО – ДПМНЕ, лидерот на СДСМ можеби токму преку додворувањето кон Албанците ја увидел можноста за конечно доаѓање на власт.

Во таа насока оди и сето она што го говореа и го правеа претставници на опозицијата, а на што македонската јавност беше сведок во изминатиот период: од фотографирање со припадници на УЧК во кумановската Дива населба, веднаш по акцијата во која животот го загубија осуммина македонски полицајци, преку јавните изјави дека е потребно рекомпонирање на Рамковниот договор и за воведување задолжителен албански јазик во училиштата, до изјавите за Албанец Премиер и конечно за федерализацијата на државата.

Според познавачите, албанскиот политички можно е дури и да го „проголта“ тоа дека постои голема веројатност СДСМ и Заев да поседуваат снимени разговори со кои би ги уценувале, во замена за федерализација на Македонија.