Федерализацијата – Уште еден од многуте чекори на СДСМ на штета на државните интереси

Федерализацијата е само уште еден од многуте чекори на СДСМ на штета на државните интереси. Порталот „Курир“ во својата анализа посочува неколку од чекорите на СДСМ кои во времето на нивното владеење им нанеле директна штета на државните интереси.

Темата за федерализација што е актуелна беше отворена од албанскиот фактор, но поддржана од главните експоненти на СДСМ. Бранко Геровски напиша скандалозна колумна насловена „Ајде да зборуваме за федерализација“, која наиде на жестока реакција во јавноста.

geroski-ajde da zboruvame za federalizacija

Претходно претседателот на СДСМ Зоран Заев повика на рекомпонирање на рамковниот договор и официлијализирање на албанскиот јазик како втор службен на ниво на целата територија и негова употреба и задолжително изучување во училиштата.

Во меѓувреме Фрчковски од СДСМ исто така повика да има и премиер Албанец.

„Курир“ пишува дека сето тоа е проследено со доза на аргантност од ударните перјаници на СДСМ. Геровски освен тоа што во уште една колумна го повтори ставот за федерализација и ги потцени бранителите, тој на насловната на неговиот весник финансиран од пари на Сорос Македонците ги прикажа како овци.

sloboden-pecat-1

Порталот во својата анализа, понатаму нагласува дека доколку се погледне во историското делување на СДСМ и луѓето кои 20 години се во истата партија и кој ги влечат чекорите може да се забележи постојана игра на СДСМ во спротивност со интересите на државата.

Уште од самото формирање на државата СДСМ беше партијата која до крај немаше до крај прецизен став за независноста.

Освен криминалите и шверцовите кој се случуваа во транзицијата, СДСМ беше партијата која ја договори и прифати референцата БЈРМ која сеуште се провлекува. Потоа СДСМ прифати промена на уставот со која прифати промена на државното знаме.

СДСМ беше партијата која за времето пред воениот конфликт во 2001-ва година со Верушевски го рушеше и ослабна безбедносниот систем откривајќи во јавноста комуникации и разговори.

Во 2004-тата година СДСМ ја договори и ја спроведе погубната децентрализација и територијална поделба која доведе масовно селење на населението, слабеење на општините и етнички поделби. Тогаш СДСМ го бојкотираше референдум под мотото некои прашања не заслужуваат одговор. Исто така, „Курир“ нагласува дека не е случајно тоа што СДСМ и Заев се и најпосакуваната страна од грчките политичари за партнер во преговорите.

Сите грчки јавни личности се согласни дека Груевски е непопуслив кога станува збор за индентитетот, и заштита на државните интереси, за разлика од СДСМ кои ја опишуваат за флексибилна. Од друга страна пред само неколку недели беше актуелен и ставот на СДСМ дијаспората и Македонците кои живеат во странство да останат без преставници. А сега нивните перјаници се залагаат за федерализација.

Дека играта е многу подлабока од тоа се покажува и тоа дека албанскиот фактор мудро молчи и практично остава СДСМ да ги реализира нивните стратешки политики. Дека пак СДСМ тоа успешно го прави покажува и неодамнешнот митинг на СДСМ каде се вееја знамиња на Голема Албанија. Заев неколку дена претходно правеше селфи во кумановската Дива Населба, а не ги посети припадниците на МВР кои учествуваа во антитерористичката акција, додека Шекеринска заедно со команданти на УЧК учествуваше во документарец каде исто имаше прикажување на знаме за Голема Албанија.

Во целата оваа игра последниот чекор на одземањето на ингеренциите на безбедносните служби во МВР од страна на генералниот секретар на СДСМ Спасовски и министер за внатрешни работи според познавачите од оваа област е неслучаен чекор со кој се ослабува безбедносниот систем и е доволна причина за дополнителна загриженост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.