Федерер елиминиран, Ѓоковиќ закажа дуел со Раониќ

Летонецот Ернест Гулбис направи огромно изненадување во осминафиналето на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, елиминирајќи го Роже Федерер со 3:2 во сетрови.

Осумнаесетиот носител на турнирот во Париз прикажа одлична игра против фаворизираниот Швајцарец, кој одигра далеку под своите можности и му дозволи на противникот да се најде меѓу осумте најдобри на вториот грен слем годинава. Федерер го доби првиот сет во тајбрејкот, но Гулбис возврати со иста мера во вториот, а веќе во третиот најави сензација откако на импресивен начин славеше со 6:2. Популарниот „Федекс“ се избори за одлучувачки сет откако претходниот го доби четвртиот со 6:4, но решавачкиот го загуби со 6:3.

За Гулбис ова е најголема победа во кариерата, а негов противник во четвртфиналето на турнирот ќе биде Чехот Томаш Бердих.

Во четвртфиналето се пласира и Србинот Новак Ѓоковиќ, кој во осминафиналето  го совлада Французинот Жо Вилфред Цонга со 6:1, 6:4, 6:1. Србинот во четвртфиналето ќе се сретне со Канаѓанецот Милош Раониќ, кој беше подобар од Шпанецот Марсел Грањолерс со 6:3, 6:3, 6:3

На женскиот дел од турнирот во четвртфиналето се пласира малдата Канаѓанка Ежени Бушар, која во два сета ја совлада Германката Анџелика Керберг со 6:1, 6:2.