Федерер и Ѓоковиќ ќе играат за титулата во Индијан Велс

Швајцарецот Роже Федерер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во финалето на мастерс турнирот во Индијан Велс. Федерер многу полесно од очекувањата го совлада  Украинецот Алекс Долгополов 6:3, 6:1. За разлика од Федерер, вториот носител на турнирот Србинот Новак Ѓоковиќ имаше многу потешка задача. Тој за влез во финалето во три сета го совлада домашниот тенисер Џон Изнер со 7:5, 6:7, 6:1.

За Ѓоковиќ ова финале ќе биде идеална можност да му се одмазди на Федерер за поразот на последниот меѓусебен дуел, пред неколку седмици во полуфиналето од турнирот во Дубаи. Роже со самиот пласман во финалето си обезбеди скок на АТП-листата, каде од понеделник ќе се најде барем на петтата позиција.